Свет

Нова директорка на „Тетрапак“ за Источна Европа

10 мај 2021

Линдзи Лојден-Едвардс е назначена за нова извршна директорка во „Татрапак“, задолжена за работењето на компанијата во регионот на Источна Европа.

Таа доаѓа на местото на Гијом Латурет, кој ја напушти компанијата на крајот од март.

Лојден-Едвардс доаѓа на оваа позиција со 15-годишно искуство, кое го стекнала со работа на повеќе раководни позиции во продажба и маркетинг во секторите за пакување и малопродажба. Таа ѝ се придружи на „Татрапак“ во 2018 година како директор за клучни купувачи во Велика Британија и Ирска.

Чест ми е што ги водам активностите на „Тетрапак“ на растечкиот и динамичен пазар на Источна Европа. Мило ми е што ќе продолжам да ја градам нашата силна позиција во регионот. Фокусот е јасен и останува на безбедноста и одржливоста на храната, рече Лојден-Едвардс.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...