Свет

„Маркс & Спенсер“ го проширува опсегот на интернет

06 мај 2021

Британскиот трговец „Маркс & Спенсер“ ќе активира веб-страници на 46 нови пазари за повторно да го зајакне меѓународниот бизнис.

Како што соопштуваат од компанијата, експанзијата ќе ги зафати земјите од Непал до Боливија и Узбекистан, со што опсегот на интернет ќе биде проширен на повеќе од 100 земји.

Компанијата забележа силен пораст на е-продажбата за време на пандемијата, кој изнесуваше 75%. „Маркс & Спенсер“ создаде „приспособлива“ веб-платформа, дизајнирана за меѓународна продажба. Онлајн-каналите се преведени на уште десет јазици, а нарачките се исполнуваат преку постојната дистрибутивна мрежа на трговецот.

Продорот на новите пазари ќе ни овозможи да ја истражиме основната побарувачка на овие пазари, без значителни инвестиции однапред, изјави директорот Пол Фристон.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...