Свет

„Шварц груп“ тестира продавници без персонал

09 апр 2021

Концернот „Шварц груп“ почна тест-проект за продавница без персонал и каси во германскиот град Хајлброн.

Како што соопштуваат од компанијата, целта им е да воведат бесконтактен начин на купување. Продавницата „Шоп.бокс“ во Хајлброн засега е отворена само за студентите и за вработените во локалниот камп, на кои им се достапни одредени производи од продавниците „Лидл“.

Најпрвин, купувачите ја преземат апликацијата shop.box. Камерата автоматски ги скенира производите што потрошувачот ги зел од полица, а наплатата се врши преку апликацијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...