Свет

„Казино“ подготвува криптовалута

08 апр 2021

Француски „Казино“ работи на креирање нова криптовалута, која во следните две години би можела да стане средство за плаќање во сите продавници што работат во рамките на групацијата.

Криптовалутата луг (lugh) се очекува да биде „посигурна“ од другите постојни криптовалути, како што се биткоин и етереум, сметаат експертите. Фактот на кој го темелат ова очекување е што луг ќе биде поврзан со еврото. Освен тоа, лансирањето на новата криптовалута ќе биде под надзор на ревизиската куќа ПВЦ.

Од „Казино“ соопштуваат дека луг најверојатно ќе биде поврзан со лојалните програми. Француската групација работи преку голем број формати, од кои најпознати се „Жиан“, супермаркетите „Казино“, хипермаркетите „Казино“, „Монопри“, „Франпри“ и „Лидер прајс“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...