Свет

Во „Лидл“ ќе се плаќа со телефон

07 апр 2021

Трговскиот синџир „Лидл“ наскоро на пазарот во Германија ќе воведе нова опција - „Lidl pay“, односно начин за плаќање преку телефон.

Оваа опција засега е достапна само во една германска област.

Интересно е дека трговецот веќе го тестираше овој начин на плаќање надвор од Германија, односно во Шпанија, пред две години. Како и во Шпанија, решението за плаќање преку мобилен го дава апликацијата „Лидл плус“, која претходно опфаќаше понуди, купони и дигитални сметки. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...