Свет

Произведено вино Ковид - 19

03 мар 2021

Француски винар направи вино кое го нарече Ковид-19, посветено на пандемијата со коронавирусот. 

Исклучително интелегентно дизајнираната етикета е направена така да потсетува на упатствата во врска со хигиенските мерки кои ги сретнуваме на секој чекор. Називот на виното е La Cuvée Qu'on vide 19. Фразата отприлика се преведува како „шише кое го празниме“, стилиризирана да личи на зборот Covid. 

Идејата дојде во текот на бербата. Ми беше потребно подолго време да ја остварам замислата, но таа е многу едноставна, изјави винарот, кој е ко-сопственик на винарницата „Домаин Џаулин-Плаисантин“ во која на 16 хектари се одгледува органски сертифицирана винова лоза. 

На задната страна од етикетата пишува: „2019 не донесе само вирус, туку и добра берба“. 

Во моментов, виното се продава и се подарува на деловните партнери на винаријата. Но, благодарение на интернетот, зголемен е интересот за оваа етикета, а реакциите се одлични. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Казна за „Алибаба“ од 2,8 милијарди долари

07 апр 2021

„Алди“ ќе доставува производи во соработка со „Голво“

07 апр 2021

Цената на храната се зголемува 10 месеци по ред

07 апр 2021

„Шварц груп“ тестира продавници без персонал

07 апр 2021

„Казино“ подготвува криптовалута

07 апр 2021

„Пармиџано Риџано“ го зголеми производството за 5%

07 апр 2021
Вчитува уште новости...