Свет

Чешка: Продавниците првенствено ќе продаваат домашна храна

01 мар 2021

Чешките законодавци ја одобрија легислативата со која се бара продавниците да продаваат првенствено домашна храна, што ќе им биде од корист на локалните производители.

Со тоа земјата е ставена во потенцијален конфликт со Европската комисија околу правилата за единствен пазар на ЕУ.

Мерката предвидува дека продавниците со поголема површина од 400 квадратни метри од следната година ќе треба да понудат асортиман со најмалку 55% производи од локално потекло. Процентот постепено ќе се зголемува до 73% до 2028 година.

Квотите се дел од нацрт-законот насочен кон спречување на двојните стандарди во храната, прашање што некои поранешни комунистички членки на Европската Унија го следат со години. Тие тврдат дека инфериорните прехранбени производи, кои не се посакувани од потрошувачите во побогатите западни држави на ЕУ, се продаваат во посиромашните источни пазари.

Амбасадорите на осум земји на ЕУ, вклучувајќи ги Германија и Франција, предупредија да не се усвојува овој нацрт-закон со писмо испратено до пратениците.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Казна за „Алибаба“ од 2,8 милијарди долари

07 апр 2021

„Алди“ ќе доставува производи во соработка со „Голво“

07 апр 2021

Цената на храната се зголемува 10 месеци по ред

07 апр 2021

„Шварц груп“ тестира продавници без персонал

07 апр 2021

„Казино“ подготвува криптовалута

07 апр 2021

„Пармиџано Риџано“ го зголеми производството за 5%

07 апр 2021
Вчитува уште новости...