Свет

„Карфур“ постигна рекордни резултати во 2020 година

19 фев 2021
Минатата година приходите од продажба на „Карфур“ се зголемија за 7,8%, што значи дека француската групација забележа рекорден промет. Во Европа, трговецот се снајде најдобро на пазарите во Белгија и Шпанија.
 
„Карфур“ ја заврши календарската година со промет од 70,7 милијарди евра и оствари пораст на речиси сите пазари на кои работи, како и во сите формати на продажба. На домашниот (француски) пазар, најмал пораст забележа форматот на хипермаркет. Треба да се нагласи белгискиот пазар, со пораст на продажбата од 8,3% (до 4,5 милијарди евра) и зголемување на уделот на пазарот. Во Шпанија, порастот на приходите од продажба беше 7,1 процент.
 
Прометот падна само во Полска и Италија, додека во Латинска Америка „Карфур“ забележа значително зголемување на приходите од продажба од 23%. Трговецот забележа пораст од дури 70% на глобално ниво во споредба со 2019 година. Од е-трговија, трговецот оствари приход од 2,3 милијарди евра. Компанијата има за цел да ја зголеми оваа бројка на 4,2 милијарди евра до 2022 година.
 
Продажбата на органски одгледана храна скокна за 18 проценти, а продажбата на приватните тргоски марки исто така бележи забележителен пораст од 29 проценти („Карфур“ планира да ја зголеми продажбата на 33 проценти до следната година).
 
Сепак, вреди да се напомене дека профитот на ниво на целата групација е намален за цели 43 проценти на 641 милиони евра, бидејќи ковид-кризата создаде големи и неочекувани трошоци.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...