Свет

„Баесдорф“ ќе го шири бизнизот преку интернет

22 фев 2021

Со дополнителни 300 милиони евра во следните пет години (повеќето од нив во следните две години), компанијата „Баесдорф“ планира значително да го прошири својот бизнис преку интернет. Со оглед на тоа што е-трговијата бележи раст за 50 отсто во 2020 година и веќе генерира околу 8-9 проценти од вкупната продажба, таа треба да „заземе значителен двоцифрен процентен удел“. 

Кризата предизвикана од коронавирусот и големите инвестиции во дигитализацијата и мрежната трговија предизвикаа пад на минатогодишната добивка, по што бордот на директори мораше да се откаже од своите среднорочни цели.

Поставивме нови среднорочни цели, тие едноставно не се толку специфични, рече Астрид Херман, која ја презеде функцијата главен финансиски директор.

Првичната цел за 2023-та година е поврат на продажбата од 16 до 17 проценти во потрошувачкиот бизнис беше поставена во време кога никогаш немавме слушнато за Ковид-19. Инвеститорите беа разочарани од оскудните податоци за идните очекувања што предизвика пад од 6 отсто на акциите на „Баесдорф“. 

Благодарение на растечкиот бизнис во Азија во втората половина на годината, компанијата беше во можност да го ограничи падот на приходите во 2020-та година и да добие удел на пазарот „за сите стратешки брендови, во сите категории за нега на кожата и во сите региони“.

Генерално, во 2020-та година добивме поголем удел на пазарот отколку во која било од последните пет години, изјави извршниот директор Стефан Де Локер.

Сепак, поради континуираното високо ниво на инвестиции во нови производи и дигитализацијата, профитот падна за речиси една петтина. На крајот, за изминатата година пред еднократните позиции, профитот изнесуваше 636 милиони евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...