Свет

Нови нутритивни правила во Велика Британија

02 фев 2021

Велика Британија ќе воведе сериозно ограничување на промоциите на храната и пијалаците што имаат високо ниво на масти, сол или шеќер до април 2022 година.

Новите правила ќе се однесуваат само на производи што се сметаат за HFSS (high in fat, salt or sugar – богати со маснотии, сол или шеќер). Тука се вклучени бисквитите, слатките, чипсот и безалкохолните пијалаци, но сепак, сите производи во тие категории не се по дифолт HFSS. Одлучувачки фактор е т.н. Nutrient Profiling Model (модел на профилирање на хранливи материи) на производот.

На малопродажните трговци повеќе нема да им биде дозволено да промовираат мулти-пакувања, како што се „купи еден, добиј еден бесплатно“ или „3 за 2“, за HFSS-производите. Во продавниците што се со поголема површина од 185 квадратни метри, повеќе нема да биде дозволено да се нудат „нездрави“ производи на истакнати места (каси, влез, крај на премин и нивните онлајн-еквиваленти, како што се почетните страници).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...