Регион

Прв „дм“ инкубатор во Србија

06 фев 2019

Компанијата „дм Србија“ го објави почетокот на иницијативата „дм инкубатор“ чија цел е да го унапреди работењето на 20 домашни српски компании од сегментот храна и козметика за нега и убавина.

На избраните фирми, „дм“ ќе им ги овозможи потребните знаења и ресурси со можност да влезат на полиците во повече од 90 „дм“ дрогерии во Србија. Избрани се мали и средни фирми со значителен потенцијал за раст.

Од вкупно прегледаните 704 производи пријавени на конкурсот, стручната комисија одлучи дека 51 производ од сегментот исхрана и козметика ќе влезе во првиот „дм“ инкубатор. Уште една од темите ќе биде важноста на хабовите како центри за развој на производите, кои придонесуваат за локалниот економски развој, со поддршка на старт-ап компании во козметичката и во прехранбената индустрија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...