IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 10.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Србија: "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград

24.09.2018
Комбинација на саем со висококвалитетни храна и пијалоци, едукативни конференции и можности за средби со купувачите ќе се одржи на 5-ти и 6-то ноември во Белград, во хотелот „Крaун Плаза". 

Овој дводневен настан, наречен Food Show, го организира Асоцијацијата за промоција на српска храна. 

Настанот ќе обедини српски, но и регионални произведувачи, купувачи и дистрибутери на висококвалитетни прехранбени производи. На саемот ќе присуствуваат еминетни европски експерти и компании кои ќе зборуваат за новите трендови и начини на работа на различни пазари. 

Првиот ден, 5-ти ноември, е резервиран за панел дискусии и презентации. Стручните лица од оваа област ќе зборуваат за најновите светски трендови, перспективи и можности за српската прехранбена индустрија, како и за сигурните патишта кон нови пазари. Вториот ден, покрај конференцискиот дел, ќе биде наменет и за бизнис состаноци со потенцијалните купувачи.  

Belgrad Food Show е долгоочекувана прилика за претставниците на прехранбената индустрија да стекнат нови знаења и да ги претстават своите производи. Ова е прв настан од ваков вид, а бројот на компании кои можат да учествуваат е ограничен. Предност имаат компаниите кои извезуваат или се подготвени да извезуваат висококвалитетни производи од овошје и зеленчук, иновативни млечни производи и премиум месни производи, изјави Роберт Чобан, претставник на Асоцијацијата за промоција на српска храна. 



Назад
 
 
 
 
back to top