IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Германија: dm најави партнерство со „Деметер“

22.02.2018

Дрогеријата dm најави дека ќе ја користи ознаката на органската асоцијација „Деметер" на производите од приватната трговска марка dmBio.

Трговецот постигна договор за партнерство со „Деметер", една од најголемите сертификациски организации за биодинамичко производство. Асоцијацијата ја користи ознаката за органско потекло на сите свои производи, а отсега печатот ќе може да го користат и трговците на своите приватни трговски марки, кои ги исполнуваат условите за органско производство.

Како што беше објавено на почетокот од годината, дисконтерот „Алди" во однос на продажбата стана лидер на пазарот на органски производи во Германија. Аналитичарите сметаат дека органските трговски синџири, како што се „Алнатура" и „Денри" имаат тешка задача да се изборат со конкуренцијата, но и дека dm, малопродажната дестинација за љубителите на органската храна во последните неколку години, мора да се приспособи на предизвикот.

Извор: www.lebensmittelzeitung.net


Назад
 
 
 
 
back to top