IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 10.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија/Германија: „дм“ ги повлече органските кашички од јагода, малина и јаболко

10.01.2018

Германскиот синџир дрогерии „дм" превентивно ги повлече од пазарот органските кашички од јагода, малина и јаболко, во пакување од 190 грама, за деца постари од четири месеци, со рок на траење до 5 јули 2019 година, информира Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија (АХВ), пренесува МИА.

Според агенцијата, во АХВ досега не добиле нотификација дека во Македонија е извршен увоз на наведените производи.

Во официјалното соопштение од компанијата „дм", како што пренесува МИА, се наведува дека при контрола на еден од производите било утврдено присуство на остатоци од средство за миење што содржи хлор, по што компанијата решила да го повлече производот од продажба.

Од компанијата оценуваат дека остатоците од хлор се последица на користењето хлорна вода при обработка на состојките, или при дезинфекција на апаратите за обработка на состојките.

Од таму укажуваат дека зголеменото внесување хлор во текот на еден ден може да ја ограничи способноста за внесување на кислород во крвта во човековиот организам и да предизвика пречки во дистрибуцијата на јодот низ организмот.  

Компанијата ги повика купувачите што набавиле кашички со наведениот датум да престанат да ги користат и да го вратат производот во која било продавница на „дм", за што ќе им бидат вратени пари во висина на целиот износ на неговата редовната цена.


Назад
 
 
 
 
back to top