IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

Македонија: „Жито“ во Петровец, прв во таа општина

12.09.2017
Компанијата „Жито" од Велес на 6 септември свечено го отвори својот прв објект во општина Петровец.

Супермаркетот, кој се наоѓа на улицата 1, број 1, располага со 220 квадратни метри површина, паркинг-простор и со две наплатни каси, а во него се вработени 10 луѓе.

Отвораме супермаркет, кој е соодветен на барањата и на потребите на современиот потрошувач. Со секој новоотворен објект, „Жито"  останува доследен и ја применува веќе докажана политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата, како и исполнување на барањата на купувачите, изјавија за InStore од „Жито".

Работното време на новиот „Жито" е од понеделник до сабота од 7:30 до 21 часот и во недела, од 8 до 16 часот.

Со новоотворениот маркет, велешката компанија е присутна со 54 продажни објекти низ цела Македонија.


Назад
 

        
 
 
 
back to top