IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 11.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: Зголемени трошоците на живот во октомври

07.11.2017

Трошоците на живот и малопродажните цени во октомври се зголемени за 0,3% во споредба со септември, објави Државниот завод за статистика.

Статистичките податоци покажуваат дека пораст на индексите на трошоците на животот е забележан кај оризот, компирот, млекото и јогуртот, сувото овошје и јаткастите производи, изнутриците, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, месото, течните горива за домаќинствата, обувките, автомобилите, болничките услуги и кај гасот за домаќинствата.

Намалување е забележано кај свежото и разладеното овошје, смрзнатото овошје, јајцата, брашното, сушениот зеленчук и кај житата. Намалување има и кај информатичката опрема, туристичките пакет-аранжмани, услугите за рекреација и спорт, книгите, материјалите за одржување и поправки на станот, предметите за лична хигиена и здравје, средствата за чистење и одржување за домаќинствата, како и кај алатите и опремата за куќа и градина.

Во споредба со октомври 2016 година, трошоците на животот се зголемени за 1,9%, а малопродажните цени за 4,3%.


Назад
 
 
 
 
back to top