IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Македонија: Зголемена довербата во трговијата на мало

12.07.2017

Индикаторот на доверба во трговијата на мало во вториот квартал годинава е зголемен за 0,5 проценти во однос на претходниот квартал и за 1 процент во однос на истиот период од минатата година, оценуваат раководителите на деловните субјекти.

Според оценката на раководителите, финансиската состојба во вториот квартал годинава е поповолна во однос на првиот, а во наредниот период ќе се зголемат нарачките и бројот на вработените. Продажните цени, пак, се намалиле во однос на првиот квартал, а се очекува нивно намалување и во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти во вториот квартал годинава е поповолна во однос на претходниот, како и во однос на вториот квартал од 2016 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во следните две квартала.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во вториот квартал од 2017 година имале зголемената конкуренција на пазарот со 24,3 отсто, слабата побарувачка од купувачите со 23,1, нема ограничувања со 12,4 и зголемената понуда на пазарот со 11,7 отсто.


Назад
 

        
 
 
 
back to top