IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Македонија: Зголемен прометот во индустријата во февруари

18.04.2017

Прометот во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец од 2016 година, е зголемен за 9,7 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот остварен на домашниот пазар во февруари 2017 година, во однос на февруари 2016 година, бележи опаѓање од 7 отсто, а прометот остварен на странските пазари – бележи пораст од 13,4 отсто. По сектори, прометот во индустријата во секторот рударство и вадење на камен годинава бележи пораст од 15,5 отсто, а во секторот преработувачка индустрија – пораст од 9,5 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во февруари годинава, во однос на истиот месец од минатата година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 15,4 отсто и капитални производи за 12,8 отсто, додека пад е забележан кај трајните производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто и кај нетрајните производи за широка потрошувачка за 3 отсто.

Во однос на јануари 2017 година, прометот во индустријата во февруари, е зголемен за 13,4 проценти, додека во периодот од јануари до февруари 2017 година, во однос на истиот период минатата година, порастот изнесува 8 отсто.

Податоците на Заводот покажуваат дека во февруари годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво и за 4,5 отсто на годишно ниво.

Во февруари годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 3,6 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,8 отсто. Во споредба со минатогодишниот февруари, продажните цени на производителите на индустриски производи, годинава се повисоки во секторот рударство и вадење на камен за 30 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 2,8 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,7 отсто.


Назад
 

 
 
 
back to top