IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

Србија: Заврши 4. FMCG самит во Белград

27.11.2017

„Иновациите и дигитализацијата ќе го обележат периодот што претстои". Со овој заклучок заврши 4. FMCG самит во Србија, најголемиот трговски настан во регионот, во организација на магазинот InStore, кој се одржа во хотелот „Краун плаза" во Белград.

 

Годинашната конференција собра на едно место повеќе од 450 професионалци од секторот трговија со стоки за широка потрошувачка.

Според впечатоците од учесниците, со изборот на теми и говорници собирот понудил најрелевантни примери на добро и инвентивно работење на компании од земјата и од регионот и панорама од актуелни трендови и предизвици.

Дополнителна тежина на годинашниот собир му дадоа излагањето на Квентин Роје, генерален директор на компанијата „Делез" - Србија, на Ентони Сошиќ, генерален директор на „Меркатор-С", како и динамичната презентација на клучниот говорник, футурологот Метју Браун од Велика Британија.

Настанот заврши со тркалезна маса за предизвиците на FMCG индустријата, модерирана од Милан Ќулибрг, главен и одговорен уредник на магазинот НИН, на која учествуваа Петар Јагодиќ, генерален директор на дистрибутерската куќа „Мерката", Обрад Поповиќ, директор на трговскиот синџир ДТЛ (Domaći trgovački lanac) и Слободан Василиќ, извршен директор на „Неопланта".

Меѓу говорниците, на годинашното издание настапија Маријана А. Молнар („ГфК"), Сандра Мелихен („Јуниверс лајсенсинг"), Иван Крушковиќ („Нилсен"), Патрик Зупанчиќ („Промо фил"), Роналд Луисер („Фокус"), Марко Дерќа („АТ Керни"), Предраг Курчубиќ („Ипсос") и Игор Јавор („М старт").


Назад
 

 
 
 
back to top