IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 17.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Унгарија: Законот за петокраката може да го забрани Heineken

17.08.2018

Унгарскиот премиер Виктор Орбан има намера да ја забрани употребата на црвената ѕвезда, односно петокраката, па неговата партија „Фидес" подготвува закон со кој ќе биде стопирана секаква нејзина комерцијална употреба.

Законот предвидува казна од дури 6,5 милиони евра или две години затвор за сите што ќе се осмелат да ја користат црвената петокрака, која според партијата е симбол на комунизмот. Меѓу најпогодените ќе се најде познатата холандска пиварница „Хајнекен", чија препознатлива етикета веќе со децении ја краси токму петокраката.

Експертите проценуваат дека забраната, освен иделошката има и економска заднина. Орбан тоа го најави уште на последната изборна кампања, а расправата за законот почна минатата година. Донесувањето во Собранието беше одложено поради спротиставување на опозицијата и реакциите од ЕК.

Регионалните медиуми пренесуваат дека војната на Орбан и ,,Хајнекен" трае неколку години, откако холандската пиварница го доби спорот со еден производител на пиво во Романија, кој е многу популарен меѓу тамошните Унгарци.Утврдено е дека локалното Csíki премногу личи на Ciuc  на „Хајнекен". Според тоа, на Орбан црвената ѕвезда му е само изговор да му наштети на холандскиот пивски гигант, тврдат унгарски медиуми.


Назад
 

 
 
 
back to top