IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.11.2017 || Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |  „Нимрод“ е втор снабдувач со дивеч во Европа  |  Крањските колбаси собраа 1.200 посетители  |  „Кооп“ воведува свинско без антибиотици  |  Месото најскапо во Швајцарија  |   ||
   

Македонија: Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина

12.09.2017
Винарската визба „Тиквеш" со белото тероар вино Bela Voda 2016 освои двоен златен медал, а со црвеното Bela Voda 2015 златен медал на натпреварот „Чајна вајн & спиритс 2017" (China Wine & Spirits 2017).
 

На најголемиот натпревар на вина и на жестоки пијалаци на азискиот континент, што се одржува во кинескиот град Хонгконг, годинава македонската винарница го надмина минатогодишниот успех, кога освои два златни и еден сребрен медал. На „Чајна вајн & спиритс 2017", со златен медал се закити и премиум виното Grand Cuvée 2015, произведено во винарницата „Домен Лепово". Истото вино од бербата 2013, беше наградено и минатата година со вакво високо признание.
 

Вината на „Тиквеш" ги освоија наградите во конкуренција на повеќе од 5.000 светски вински брендови, кои беа селектирани и оценувани од претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски синџири во Кина.

Исклучително сме задоволни од повторувањето на минатогодишниот успех на овој натпревар. Тоа го зајакнува потенцијалот за унапредување на позициите на нашите врвни вина на овој голем вински пазар, каде што конкуренцијата е голема и ја сочинуваат водечките глобални вински брендови и производители. Веруваме дека тоа ќе има влијание врз зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар, бидејќи оценувањата и наградите ги доделуваат тие што точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на „Тиквеш".

Назад
 

 
 
 
back to top