IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 18.06.2018 || Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |  МОЛ го купи производителот на минерална вода „Фонте вива“  |  „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“  |  Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“  |  Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче  |  „Алди зид“ ја отвори илјадитата конџепт-продавница  |   Продолжување на проектот „Кауфланд“ - училиште за овошје и зеленчук  |  „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците  |   ||
   

Македонија: Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“

14.07.2017

Шест златни медали и едно признание „светски шампион" освоија македонските вина на меѓунарондиот натпревар „Вино Љубљана" што се одржа деновиве во словенечката престолнина.

Златен медал и признание „Светски шампион" освои бутик-винарницата„Домеин Лепово", во состав на винарницата „Тиквеш" од Кавадарци, за виното Domaine Lepovo Grand Cuvee (2015), а со злато се врати и делегацијата на матичната компанија, за виното Cabernet Franc Special Selection (2016) на „Тиквеш".

Два златни медала освоија винатааа Verdot (2012) и виното Veritas (2013) на винарницата „Стоби" од Градско, од линијата „приватна резерва".

Со златен медал беше потврден и квалитетот на виното Ten Barrels Reserve Cabernet Sauvignon (2015) на винарницата „Шато Камник" од Скопје.

За наградите одлучуваше жири-комисија од 48 вински критичари од 15 земји, кои го дадоа своето мислење за 430 вина од 19 држави од сите краишта на светот. „Вино Љублљана" важи за еден од најстарите меѓународни вински натпревари во светот.


Назад
 

 
 
 
back to top