IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

БИХ: Врвни оценки за херцеговските вина на „Декантер 2017“

14.06.2017

Седум медали освоија херцеговските винарници „Вина Задро" и „Херцеговина продукт" на престижниот светски вински натпервар „Декантер", кој се одржа неодамна во Лондон, Велика Британија.

Вината Crnjac & Zadro Žilavka и Crnjac & Zadro Blatina, создадени од автохтоните сорти грозје жилавка и блатина, ѝ донесоа на винарницата „Вина Задро" од Домановиќи два платинести медали за најдобро вино во Централна и во Источна Европа, а вината CZ Cabernet Sauvignon и CZ Rondo Blatina ѝ донесоа еден сребрен и еден бронзен медал.

Освојувањето на платинестите медали во винарницата го оценуваат како најголем успех на винарството во Босна и Херцеговина кога и да било. Наградата, како што оцениле судиите, сведочи за љубовта и за трудот што биле вложени, како и за инвестициите во процесот на производство во винарницата „Вина Задро".

Со еден златен, еден сребрен и со еден бронзен медал од „Декантер 2017" се врати и делегацијата на винарницата „Херцеговина продукт".

Наградени се вината Charisma Blatina 2015, Žilavka Zlatna Dolina и Charisma Žilavka 2016, од автохтоните сорти блатина и жилавка.

Decanter World Wine Awards важи за најпрестижен и највлијателен вински натпревар во светот. Годинава во конкуренција беа 17.200 вина.


Назад
 
 
 
 
back to top