IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 23.06.2017 || Нова аквизиција на „Лаваца“  |  „Диаџио“ доби одобрение за нова дестилерија  |  Bacardi е најпродаван рум во светот  |  „Мари Бризар“ оживува ликер од „Титаник“  |  „Данон“ го зголеми профитот за 20 отсто  |  „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари  |  Очекувајте го јунскиот број на InStore   |  „Дневни соби“ од Chipsy за студентите  |  Повеќе од 85 брендови пиво во Maxi  |  „Макпрогрес“ со пораст на извозот  |  Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло  |  Нова инвестиција на „Империал тобако“  |  Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот  |  Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија  |  Прв отворен ден на GS1 Македонија  |  „Ероски“ ги намали загубите  |  „Алди“ затвора 32 продавници  |  „Теско“ тестира роботизирана достава  |  СКМ пристапи кон „Патот на свилата“  |  „Млекара Шабац“ гради фабрика во Русија  |   ||
   

НАЈАВА: Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017

25.04.2017
 
Ви претставуваме уште тројца од говорниците на FMCG Summit Скопје 2017, кој ќе се одржи на 11 мај, во хотелот „Александар палас" во Скопје. Погледнете ги нивните теми и пријавете се на трговскиот настан на годината!

ДАРКО ВАСЕЛИЌ, менаџер за бизнис-развој во Johnson & Johnson

Долгогодишен професионалец во FMCG секторот, кој веќе единаесетта година е во компанијата Johnson & Johnson. Денес е на позицијата менаџер за бизнис-развој, одговорен за пазарите на БИХ, Србија, Македонија, Косово и Албанија. Своите напредни знаења од category management и shopper marketing со години ги споделува во своите текстови во магазинот InStore во целиот регион. Редовен говорник е на FMCG-самитите во Сараево и Белград, а оваа година ќе го слушнеме и на FMCG-самитот во Скопје.

Презентација на самитот: Shopper marketing - водич за вашиот бренд

Како управувањето со категориите полека се претвора во управување со и приспособување на потребите на потрошувачите?


 

МАРИЈАНА АГИЌ МОЛНАР, директор на GFK за Јадранскиот Регион

Од 2002 година раководи со компанијата GfK во Србија, a од 2013 година со Јадранскиот Регион. Пред тоа работела во „Кока кола компани" и била партнер во истражувачка стартап-компанија.  Мастер студии по економија (маркетинг) на Економскиот факултет на Белградскиот универзитет и МБА студии на Интернационалниот факултет на Универзитетот Шефилд и предавач на Мокрогорската школа за менаџмент, на институтот „Фаундерс" и на „AkademIAA".

Презентација на самитот: Фото-робот на потрошувачот на иднината

Потрошувачите на иднината – да ги запознаеме за да им помогнеме да ги остварат своите цели и потреби и улогата на „дигиталното" во целата приказна.

 

ДРАГАН ВОЈВОДИЌ, CEO на Sandler Training

За себе сака да кажува дека не е тренер за продажба, мотивација или за успех, туку дека пред сè, е тренер во областа на човековото однесување. Не верува во дводневни или повеќедневни семинари, затоа што смета дека тие не можат да го променат најкомплицираното нешто кај луѓето – однесувањето, кое е контролирано од личните убедувања и уверувања. Затоа одлучува да почне со изучување на продажниот систем на „Сандлер", една од најбараните и најоригиналните компании во светот, што се занимава со развој на човечкиот потенцијал и станува нивни официјален застапник за Србија.

Презентација на самитот: 5 зошто и 5 затоа за најголемите проблеми во продажбата

Како да се промени несвесното непродуктивно однесување на продажниот тим? Кои се поводите и причините што го спречуваат тимот да ја зголемува продажбата?

 
Бидете во тек со вестите на www.instore.mk и на нашата фејсбук-страница.

Официјална веб-страница на самитот:

www.fmcg-summit.mk

 

Заокружете го 11 мај во вашите деловни календари и пријавете се

за настанот на годината!


Назад
 

 
 
 
back to top