IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.04.2018 || „Млин и пекара Љубаче“ со нова инвестиција  |  Natur Premium пристигнува на македонскиот пазар  |  „Монделез“ вложува 90 милиони евра во „фабрика на иднината“  |  „Рамстор“ го отвори 25.маркет  |  „Хенкел“ отвори нова фабрика Somat во Крушевац  |  „Сан Пелегрино“ со приход од 895 милиони евра  |  „Карфур“ ги отвори првите пунктови испорака за пешаци  |  „Персу“ ги повика локалните производители да соработуваат  |  „Кимберли Кларк“ ќе го проширува капацитетот во Алабама  |  „Витамин“ на саемот во Мостар  |  Владимир Косијер нов генерален директор на „Пивара Скопје“  |  „Амазон“ е во преговори со авио-превозникот „Азул“  |  „Домаќа трговина“ со ново место за пазарење  |  Клучно одобрување на „Бајер“ за „Монсанто“  |  „Витаминка“ го рестартира производството на Брилијант  |  Во Сплит отворен првиот супермаркет „Шпар гурмет“  |  Розовиот Kit Kat пристигнува и во Европа  |  „Млекарнa Целеиа“ забележа пораст од 9%  |  „Ошан“ лансира нов формат во Украина  |  „Мирана“ ја купи „Аронија здрава храна“  |   ||
   

Македонија: Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф

17.07.2017

Виното Vranec Special Selection на винарската визба „Тиквеш", беше дел од одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на познатиот британски актер Ијан Меккелен, препознатлив по улогата на Гандалф во мегапопуларниот филмски серијал „Господар на прстените".

Меккелен одбележа 50 години од својата актерска дејност со мултимедијална претстава во „Парк театар" во Лондон, насловена „Шекспир, Толкин, другите и ти". Со пригодно, интерактивно шоу тој ја потсети публиката на своите улоги и сподели дел од своето актерско искуство, кое го издигна до повеќекратно наградуван актер, два пати номиниран за Оскар.

Како дел од содржината на шоуто, беше промовирано виното Vranec Special Selection на винарницата „Тиквеш" од Кавадарци, кое освои трофеј за најдобро македонско црвено вино на годинашниот меѓународен вински натпревар International Wine Challenge во Лондон. За оваа пригода, беше изработена серија со специјална етикета, со ликот на актерот.

За време на претставата актерот го покани на сцената винскиот експерт Питер Меккомби и заеднички одржаа винска лекција, која беше проследена со голем интерес и предизвика воодушевеност кај публиката.

Дел од посетителите со билетот за претставата добија и шише Vranec Special Selection, а останатите можеа да го купат виното за време на настанот.


Назад
 

 
 
 
back to top