IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

САД: „Волмарт“ укинува корпоративни работни места

18.04.2017

Најголемиот американски трговски синџир – „Волмарт", најави дека укинува поголем број канцелариски работни места во САД, вложува во подобрување на работењето преку интернет и се враќа на искористувањето на предностите на ниските цени во секторот малопродажба.

На тој начин, „Волмарт" потврдува дека спроведува нов круг на намалување на бројот на работните места, кој вклучува стотина позиции во меѓународниот и во технолошкиот оддел на компанијата, како и во синџирот за складирање во форматот „Семс клаб".

Како што најавивме на почетокот на годината, за да ги поттикнеме инвестициите и порастот, мора дисциплинирано да управуваме со трошоците и со капиталните одлуки. Тоа значи дека и понатаму ќе наоѓаме начини за поефикасна и поефективна работа, изјави претставникот од компанијата Ранди Харгроув, но не дефинираше детали за точниот број работни места што ќе бидат укинати.

Со укинување на работните места, трговецот почна минатата година, кога објави дека укинува 7.000 корпоративни места и преместува голем број вработени во продажба. На почетокот од годинава, „Волмарт" укина повеќе од 1.000 работни места во секторот човечки ресурси.


Назад
 

 
 
 
back to top