IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Македонија/Бугарија: „Витаминка“ на саемот „Интерфуд & дринк“

09.11.2017

„Витаминка" ги презентира своите производи и производствени програми на саемската манифестација за прехранбена индустрија „Интерфуд & дринк" во Софија.

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати, кој беше отворен вчера и ќе трае до 11 ноември, е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа. Од „Витаминка" соопштуваат дека компанијата е присутна на овој саем секоја година (16-та по ред), а досегашното искуство, е потврдено со предностите и придобивките од присуството. Преку својата фирма во Бугарија, македонската компанија веќе долго работи на афирмација на своите производи на тој пазар.

Секое учество на „Интерфуд & дринк" со инкорпорираните презентации, семинари, конференции и деловни состаноци, е своевидна бизнис-платформа за компанијата во годината што следува. Во фокусот на саемот се комуникацијата и соработката меѓу компаниите од сите земји, деловните и трговските делегации, подизведувачите, како и колективните странски учества. Токму тоа во нашето досегашно искуство, придонесе за конкретни чекори и резултати од претставувањето. Веруваме дека и годинава ќе создадеме нови деловни и развојни можности, изјави Љупчо Велески, директор на секторот извоз во „Витаминка".


Назад
 
 
 
 
back to top