IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 20.05.2018 || Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |  Потрошувачката на пиво е најголема во последните пет години  |  „Подравка“ со најдобри резултати во историјата  |  Суперлативи од „Вајн адвокејт“ за три вина на „Стоби“  |  „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање   |  „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра  |  „Лидл“ им ги зголеми платите на вработените  |   ||
   

Македонија: „Витаминка“ на Gulfood 2014

18.03.2014
Во периодот од 23 до 27 февруари во Дубаи се одржа 19-то издание на Gulfood – најголемиот светски годишен саем за храна и угостителство. Индустриските трговски настани, специјалните конференции, високорангираните министерски самити и В2В програмите се погрижија да биде опфатен севкупниот производствено услужен сектор на храна. На овој престижен саем се претстави и нашата компанија „Витаминка". 
 
Gulfood е платформа од исклучително значење за компаниите што се во потрага по трговски партнери од целиот свет. Производители на храна, малопродажни синџири, увозници, дистрибутери и даватели на услуги градеа бизнис-релации и разменуваа искуства во градот препознатлив по својата стратешка позиција на мост помеѓу Истокот и Западот. Gulfood 2014 беше организиран на површина од 113.000 м2 од страна на Светскиот трговски центар во Дубаи, во коишто беа вклучени 16.000 м2 дополнително изградени привремени структури за да се задоволи големата побарувачка за простор. 4.500 компании беа изложувачи на овој саем, а имаше над 80.000 трговски учесници (посетители) од повеќе од 150 земји. Листата на чекање за учество станува сè поголема секоја година, но исто така големи се и напорите да се обезбеди што поголем простор и да се даде можност на што поголем број компании за да се зголеми изборот на производи за посетителите. Оваа година, за жал, неверојатни 2.714 компании беа на листа на чекање и немаа шанса да добијат простор и да се придружат на овој саем. На саемот учествуваа и 120 национални павилјони.

Како реномирана компанија со 58 годишна традиција во производство на храна, АД „Витаминка" од Прилеп, беше еден од 4.500-те изложувачи, со сопствен штанд. Тимот го сочинуваа: генералниот директор, Сашо Наумоски, директорот на извоз, Љупчо Велески и подрачните шефови во извоз, Петар Стојковски и Александар Ѓуроски. Целосниот асортиман од над 400 сопствени производи и приватни марки беше успешно презентиран пред потенцијалните купувачи.

 
 
Тимот на „Витаминка" на овој петдневен настан оствари повеќе од 150 контакти и состаноци со потенцијални купувачи, пред кои ги понудија сопствените производи истакнувајќи ги конкурентските предности во поглед на квалитет, бројност, диверзифицираност, ценовна конкурентност, амбалажа, можност за производство под приватна марка и сл. Најголем интерес предизвикаа различните типови на чоколади, кекси, Стоби флипс, Чоко стоби флипс и Цевитана, за коишто веќе е почнат процесот на достава на понуди и добивање повратни одговори. За дел од производите, по нивната дегустација од страна на купувачите, „Витаминка" доби нарачки на самиот штанд. Несомнено, тоа укажува дека долгогодишните инвестиции во истражувања и развој, овозможуваат „Витаминка" секогаш да ги пронаоѓа вистинските светски трендови на пазарот на храна и да понуди производи што точно одговараат на тековната побарувачка. Оперативниот модел и маркетинг-пристапот се подеднакво адаптирани кон тековните и кон новите купувачи во конкурентското окружување. Имено, една од најголемите конкуретски предности на „Витаминка" лежи во фактот што портфолиото на производи е мошне диверзифицирано, меѓутоа, категориите на производи се меѓусебно поврзани. Производите имаат значително ниво на потрошувачка и ова портфолио на комплементарност обезбедува оптимално ниво на обрт. Но, најважно од сè е дека целта, секогаш да се произведуваат најдобрите производи, оваа наша компанија ја остварува континуирано. Тоа ја зацврстува довербата во брендовите што ги исполнуваат највисоките интернационални безбедносни стандарди за храна. Токму докажаната евиденција на етички перформанс и квалитетните производи го обезбедуваат комфорот на потрошувачите во повеќе од 30 земји во кои „Витаминка" извезува. Сите овие карактеристики ја чинеа атрактивноста на производите на „Витаминка" на овој светски собир, што ќе послужи како катализатор за зголемување на нивниот удел на глобалниот пазар.  













Назад
 

 
 
 
back to top