IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Македонија: „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра

15.02.2018
Денеска „Витаминка" потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант" со „Комерцијална Банка" АД Скопје. Во сопственост на „Витаминка" преминува недвижен имот, објекти од 4.956 м² и земјиште со право на сопственост од 21.592 м², подвижни ствари како и пренос на права од индустриска сопственост.
Целта на инвестицијата од 7,3 милиони евра е долгорочно обезбедување на суровинска база за производството и зацврстување на Друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија. 

Со денешниот потпишан договор почнуваме и конкретни чекори за реализирање на нашата деловна стратегија што ќе овозможи понатамошен долгорочен развој. Инвестицијата е во насока на модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството како и развој на нова група производи. Правиме еден голем чекор напред што ќе значи поголема и подобрена деловност на компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот, велат од „Витаминка".

Од „Комерцијална банка", која се јавува во својство на продавач за значењето на договорот, велат дека се задоволни сме што една од најдобрите македонски компании во прехранбената индустрија „Витаминка" го презема деловниот потфат на фабриката за масло за јадење „Брилијант". Сметаме дека овој договор има пошироко значење за економијата и ќе претставува успешно искуство во промоцијата на домашното производство, истакнуваат од „Комерцијална банка". 







Назад
 
 
 
 
back to top