IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 17.01.2018 || „Гомекс“ планира отворање на 30 продавници  |  „Бел фуд груп“ го презема „Хугли“  |  „Фереро“ го купува американскиот кондиторски сегмент на „Нестле“  |  „Маркс & Спенсер“ го продаде бизнисот во Хонг Конг  |  „Лакталис“ повлекува 12 милиони пакувања млеко за бебиња  |  „Атлантик група“ ја презема дистрибуцијата на „Марс“  |  Пазарџиите ќе работат со лиценци  |  „Агрокор“ ја демантира продажбата на маркетите „Конзум“  |  „Нестле“ го продава кондиторскиот сегмент  |  „Кауфланд“ ќе отвори 15 супермаркети во Молдавија  |  „Волмарт“ ја зголемува платата на работниците  |  „Скопски пазар“ излегува од бизнисот со маркети  |  Тина Пухало Грладиновиќ нов директор на „К пивовари“  |  Нови инвестиции и зголемена добивка на „Витаминка“ во 2018  |  Работењето на „Агрокор“ бележи позитивни резултати  |  Diet Coke со 4 нови вкусови и со поинаков изглед  |  „Млинотест“ наскоро со нова фабрика  |  „Карлсберг БХ“ официјален дистрибутер на пивото Erdinger   |  „Молсон корс“ го купува „Аспал“  |  Пораст на продажните цени на индустриските производи во ноември  |   ||
   

Македонија: „Витаминка“ ги најави плановите за идната година

14.12.2017
Во 2018 година „Витаминка" влегува со нови амбициозни планови меѓу кои пуштање во употреба на новиот дистрибутивен центар, одбележување на 40 години постоење на брендот Stobi Flips и збогатување на портфолиото.

На појадокот за новинари организиран од компанијата беше најавен јубилејот, 40 години на брендот Stobi Flips, така што најголемиот фокус на маркетиншките активности ќе бидат насочени токму на овој бренд. 

Со цел следење на трендовите во прехранбената индустрија, активно се работеше на диверзификација или проширување на портфолиото од производи. Така, на пазарот беше пласиран новиот Stobi Flips Magnus, а деновиве ќе биде достапен и Stobi Flips Magnus hot & spicy. Исто така, годинава беа пласирани и луксузните пакувања на Choko Stobi flips - лешник, бадем и аронија, истакна Нико Берберу, раководител на одделот за маркетинг на „Витаминка".

Од компанијата истакнаа дека во текот на 2017 година во континуитет се вложуваше во подобрување на техничко-технолошките решенија, зголемување на производствените капацитети, а најголема инвестиција е изградбата на дистрибутивниот центар кој треба да биде завршен следната година. Центарот ќе се протега на површина од 3.000 м², а ќе има 4.000 палетни места и 6 рампи.



Назад
 

 
 
 
back to top