IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Македонија: Viognier и Plavec – две нови вина на „Тиквеш“

14.11.2017

Винарската визба „Тиквеш" на пазарот лансираше две нови вина од линијата Special Selection, од сортите виоње и плавец, кои како издвоени сорти, првпат се употребуваат во Македонија, а се исклучително популарни во други земји.

Новината во портфолиото е реализација на нашата стратешка определба за константно воведување иновации во различни сегменти од работењето, објаснува Радош Вукиќевиќ, генерален директор на „Тиквеш", и додава: Составен дел од таа стратегија, секако, е креирањето портфолио според желбите на потрошувачите, привлекување нови потрошувачи и нивно развивање во вински ентузијасти.

Лозовите насади, каде што се одгледуваат сортите од кои се произведени двете нови вина, се наоѓаат на падините на планината Бабуна, на надморска височина до 270 метри и ориентација кон исток, со што е овозможено оптимално изложување на сонце и зреење на грозјето. Почвата – рензина е богата со минерали и е со одлична пропустливост на водата, а лозјата се поставени на позиција, на која струењето на северниот ветер овозможува добро проветрување, што е особено значајно за задржување на свежината и на природната отпорност на грозјето.

Viognier е суво бело вино, произведено од интернационална сорта грозје што е особено популарна во Франција. Се одликува со жолта лимон боја и со нагласени ароми на кора од портокал, манго и праска, дополнети со ноти на бело чоколадо, кокос и ванила. Виното, кое одлежува шест месеци во специјални дабови буриња, се карактеризира со полно тело, а на вкус се чувствуваат минерални ноти и препечен леб.

 

Црвеното суво вино Plavec е произведено од истоимената автохтона сорта, која е распространета во целиот регион, а особено е популарна во Хрватска. Виното се карактеризира со интензивна рубин црвена боја и со ароматични ноти, во кои се чувствуваат различни зачини, како бел бибер, каранфилче и диви црни рибизли. Ова вино се карактеризира со средно тело и со меки танини, а на вкус можат да се почувствуваат и ноти на потпечено овошје.


Назад
 

 
 
 
back to top