IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Србија: Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар

20.04.2017

Винарницата „Рубин" е најуспешната меѓу винарниците во Србија во категоријата „вино со контролирано и гарантирано географско потекло", со вкупно шест наградени производи, во конкуренција на најдобрите производители.

 

Министерството за земјоделство и за заштита на животната средина на Србија на производителите на врвно вина со географско потекло деновиве свечено ги додели виолетовите маркички.

Од 350 регистрирани винарници во Србија,  признанието „Виолетова плакета" го добија девет вински куќи, а „Рубин" е една од винските куќи кои добија најмногу виолетови плакети за своите вина.

Министерството за земјоделство на Србија ја воведе виолетовата маркичка со цел да ги афирмира домашните производители на вино, да ги промовира врвните вина со контролирано и гарантирано географско потекло, ширење на винската култура во Србија и да укаже на значњето на консумирањето домашно вино со географско потекло.

Со маркичките, на потрошувачите им се овозможува лесно да ги препознаат и да одберат виното, регионот, земјата и производителот.

„Рубин" има лозови насади на 18 локации низ Србија, на вкупна површина од 1.200 хектари и најголем број вина со географски заштитено потекло.


Назад
 

 
 
 
back to top