IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 23.07.2017 || Кампања на „Меркатор“ со најсилните словенечки брендови  |  ИРБ и „Атлатик група“ заеднички ќе развиваат нов производ  |  „Кине + Нагел“ ја зајакна водечката позиција  |  Нова „Кока-кола активна зона“ во Штип  |  Исти производи за сите пазари  |  „Шпар“ потпиша договор за франшиза со „Ермес“  |  Обновено производството во БИП   |  „Бинго“ презеде еден од објектите на „Конзум“ во Зеница  |  „Метро груп“ ја заврши поделбата  |  Нов „Стокомак“ во Радишани  |  „Карлсберг“ и „Бруклин“ го прошируваат бизнисот  |  Ledo доби халал-сертификат  |  „Меркатор“ и „Конзум“ се разделуваат  |  Lejla - нова вода на „Сарајевска пивара“  |  Вранец од „Тиквеш“ за јубилејот на Гандалф  |  „Макпрогрес“ овозможи летување на деца со посебни потреби  |  „Карфур“ ја поставува првата вертикална градина  |  „Кофола“ ја купи „Премиум роса“  |  Златни медали за македонските вина на „Вино Љубљана“  |  Нов „Гранап“ во Центар  |   ||
   

Македонија: „Вина од Македонија“ e за укинување на забраните за продажба на алкохол

12.07.2017

Здружението „Вина од Македонија" се приклучува кон иницијативата на Стопанската комора на Македонија за укинување на обврската за поседување лиценца за продажба на алкохол, како и за отстранување на временското ограничување за продажба на алкохолни пијалаци.

Во здружението членуваат најголемите производители и извозници на вино во земјава.

Примената на ригорозните ограничувања во трговијата со алкохолни пијалаци во изминатите девет години, нанесе голема финансиска штета на производителите на вино, како и на целокупната домашна винска индустрија. Заедно со лозарството, оваа индустрија создава и до 20% од годишниот домашен бруто-производ остварен во земјоделството и обезбедува егзистенција за околу 30.000 производители на грозје, повеќе од 12.000 сезонски работници и за повеќе од 2.000 вработени во домашните винарници, велат од „Вина од Македонија".

Ограничувањето на продажбата на алкохолни пијалаци во трговската мрежа, според здружението, придонело за намалување на продажбата на вино за повеќе од 10 отсто на годишно ниво, што негативно се одразува на приходите на винарниците и на нивните планови за откуп на грозјето од лозарите.

Дополнителен аргумент за укинување на ригорозните ограничувања во трговијата со алкохолни пијалаци, меѓу кои и на виното, е и тоа дека земјава има најмала просечна потрошувачка по жител во Европа од само 7 литри вино. За споредба, во земјите членки на ЕУ од нашиот регион: Бугарија, Грција, Словенија и Хрватска, потрошувачката на вино надминува 25 литри по жител. Во ниту една од овие земји, не постои ограничување на продажба на вино во трговијата, велат од здружението.


Назад
 

        
 
 
 
back to top