IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 12.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Македонија: „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи

21.09.2018
„Веро" трајно ги намали цените на 650 основни производи кои ја сочинуваат секојдневната потрошувачка кошничка на граѓаните.
 
Станува збор за производи за секојдневна употреба во неколку категории: прехранбени производи, средства за лична хигиена и средства за одржување на хигиената во домот, информираа од компанијата. 

Намалените цени на избраните производи се видливо обележани со посебни налепници за да може потрошувачите полесно да ги лоцираат. 

- Не станува збор за периодична акција или промоција од времен карактер каде цените повторно се враќаат на претходното ниво по завршувањето на промотивниот период. Ние иницираме трајно намалување на цените на најчестите производи за секојдневна употреба кое ќе трае засекогаш. Нашите анализи покажуваат дека потрошувачите ќе остварат значителни заштеди имајќи предвид дека цените се намалени кај голем број производи кои ги купуваат секој ден. Трајното намалување на цените на производите е со цел да им излеземе во пресрет на потрошувачите и да им се оддолжиме за довербата што ни ја укажуваат секојдневно – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос" во Македонија. 
    
Поголемиот дел од конкретните производи се од домашно производство. 

И покрај трајното намалување на цените на 650 производи, „Веро" и понатаму ќе продолжи за праксата за периодични акции и промоции



Назад
 
 
 
 
back to top