IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 18.02.2018 || „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |  Лидер – свој на своето  |  „Бел фуд“ доби одобрение за преземање на „Хугли“  |  „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“  |  Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот  |  Златен медал за „Попова кула“ во Јапонија  |  „Тиквеш“ ги закрои лозјата  |  „Виолета“ освојува пазари во регионот  |   ||
   

Велика Британија: „Веитрос“ воведува часови по јога

09.02.2018

Британскиот синџир „Веитрос", познат по извонредната понуда на здрави производи и по пропагирањето здрави навики кај потрошувачите, најави дека воведува часови по јога во три објекти.

Часовите ќе бидат приспособени на сите нивоа и ќе се наплаќаат по 7 фунти од сесија.

Од синџирот велат дека за овој чекор, се одлучиле поради сѐ поголемата свест на потрошувачите за здравите навики, не само во исхраната, туку и во стилот на живеење. Кога ќе помине пробниот период, трговецот ќе одлучи дали часовите по јога ќе ги воведе и во другите продавници низ цела Велика Британија.

Освен тоа, како дел од стратегијата за пропагирање здрави навики, „Веитрос" во неколку свои продавници воведе услуги од нутриционисти, кои на потрошувачите може да им помогнат со информации и со совети, поврзани со нивните специфични потреби. Од неодамна, трговецот означува одредени производи со ознаката Good Health, за да им помогне на потрошувачите во здравиот избор.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top