IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

Хрватска: Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“

22.02.2018
Од „Бадел 1862" соопштија за успешно спроведена постапка за докапитализација со која основачкиот капитал е зголемен на 29,9 милиони евра. Во оваа постапка стратешкиот инвеститор „Метеор" учествуваше со 28,8 милиони евра, а државата со 1,14 милиони евра.
Компанијата преку Загребската берза објави дека Надзорниот одбор дал согласност на одлуката на Управата за утврдување на точниот износ на уплатата во пари и во внесени права во основачкиот капитал и на точниот број на акции што се издаваат.

Со одлуките на Управата и на Надзорниот одбор утврдено е дека записот на акциите е спроведен и вкупно се запишани 22.268.139 редовни акции, секоја со минимален износ од 10 куни, со што вкупниот номинален износ е 222,68 милиони куни (29,9 милиони евра).

Во зголемувањето на основачкиот капитал учествуваше стратешкиот инвеститор „Метеор", со износ од 28,8 милиони евра, и Република Хрватска со износ од 1,14 милиони евра, додека Загребска банка го извести „Бадел 1862" дека нема намера да го искористи правото за побарувања во основачкиот капитал, истакнуваат од „Бадел 1862". 

Компанијата „Метеор" кон крајот на јануари ја исполни својата обврска за спроведување на докапитализацијата на „Бадел 1862" со склучување на договор со кој, побарувањата се во износ од 24,7 милиони евра вложување во основачкиот капитал и уплата од 4,02 милиони евра. Според неофицијалните информации, уделот на „Метеор" во компанијата е 84 отсто од вкупните акции, додека уделот на државата ќе падне на околу 13 до 14 отсто.



Назад
 
 
 
 
back to top