IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Свет: „Унилевер“ ја купува „Сандајл брендс“

30.11.2017

Британско-холандскиот производител на стоки за широка потрошувачка „Унилевер" ја купува американската компанија „Сандајл брендс" за да ја прошири понудата производи за нега на косата и на кожата на жените од црната раса.

Компанијата „Сандајл" со седиште во Њујорк, која во 1991 година ја основале либериски инигранти, ги произведува бредновите: Shea Moisture, Nubian Heritage, Madam C.J. Walker и Nyakio.

Условите за продажбата сèуште не се објавени, но „Сандајл", како што соопштуваат од „Унилевер", годинава очекува приход од 420 милиони долари. Компанијата ќе работи самостојно, односно и понатаму ќе ја води досегашниот извршен директор Ришелу Денис.

Новото преземање следува откако „Унилевер" претходно годинава инвестираше во „Бјути бејкери", производител на козметика со седиште во Сан Диего. Производите на компаниите „Сандајл" и „Бјути бејкери" се наменети за младите Африканки и Афроамериканки, односно за жените од црната раса, на чијашто потрошувачка моќ, производствените гиганти сè повеќе се насочуваат.


Назад
 

 
 
 
back to top