IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 20.05.2018 || Едукативен и инспиративен ден за паметење  |  Утре се одржува 4. FMCG Summit Скопје 2018  |  „Игло“ ја зголеми продажбата за 15%  |  Ванилата поскапа од среброто  |  Нова инвестиција на „Даути комерц“  |  Потрошувачите ги избраа производите на годината  |  „Хенкел“ останува посветен на продолжување на порастот  |  Цените на индустриските производи пониски на месечно, повисоки на годишно ниво  |  Решенија за поефикасно и поефективно работење  |  Преработувачите очекуваат поголема конкурентност на домашниот пазар  |  „Монделез“ го презема „Тејтс бејк шоп“  |  „Нестле“ ќе го продава кафето на „Старбакс“  |  Плаќање со мобилен телефон во „Меркатор“   |  Се укинуваат временските ограничувања за продажба на алкохол  |  Потрошувачката на пиво е најголема во последните пет години  |  „Подравка“ со најдобри резултати во историјата  |  Суперлативи од „Вајн адвокејт“ за три вина на „Стоби“  |  „Виталиа“ ќе вработува ученици по нивното матурирање   |  „Меркатор“ забележа загуба од 181 милион евра  |  „Лидл“ им ги зголеми платите на вработените  |   ||
   

Македонија/Чешка: Унапредување на трговските односи меѓу двете земји

17.11.2017

Унапредувањето на економската соработка меѓу Македонија и Чешка, како и можностите за подобрување на трговските односи биле главни теми на средбата на Данела Арсовска, претседателка на ССК со чешкиот амбасадор Мирослав Томан.

Намалувањето на разликите во трговската размена и поттикнувањето на компаниите за меѓусебна соработка се значајни аспекти, кои ќе ги унапредат економските релации меѓу двете земји. Фокусот треба да биде на земјоделството, енергетиката, инфраструктурата, како и на трансферот на технологии и на знаења, за целосно искористување на потенцијалите, изјави Арсовска по средбата во средата.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, минатата година трговската размена меѓу двете земји изнесувала 128 милиони евра, од кои увозот изнесувал 90 милиони евра, а извозот – 38 милиони евра. Во првите девет месеци годинава, трговската размена изнесувала 111 милиони евра, со остварен увоз од 71 милион евра и извоз од 40 милиони евра. Најмногу се увезуваат основни суровини за автомобилски делови, за текстил, машински делови, како и делови од пластика, а се извезуваат електрични и машински производи, текстил, земјоделски производи, делови за автомобили, како и кондиторски производи.


Назад
 

 
 
 
back to top