IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 18.02.2018 || „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |  Индекси на прометот во индустријата за декември 2017  |  Вештини на преговарање со трговците  |  Успешно управување со брендот и организација на маркетингот  |  Мотивација и тимска работа во КА-менаџментот  |  Костиќ заинтересиран за дел од „Агрокор“  |  Конференција на „Тинекс“ за најава на новиот логистички центар   |  „Кока-кола ХБЦ“ забележа пораст на волуменската продажба  |  „Метро“ забележа пораст во првиот квартал  |  „Витаминка“ го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра   |  Лидер – свој на своето  |  „Бел фуд“ доби одобрение за преземање на „Хугли“  |  „Нестле“ го презеде латиноамериканскиот „Терафертил“  |  Нов закон за јавни набавки - освен цената важен и квалитетот  |  Златен медал за „Попова кула“ во Јапонија  |  „Тиквеш“ ги закрои лозјата  |  „Виолета“ освојува пазари во регионот  |   ||
   

Македонија: Трофеј за Vranec Special Selection на „Тиквеш“

12.07.2017

На годинешниот вински натпревар – „Интернешнл вајн челинџ" (International Wine Challenge – IWC) во Лондон, трофејот за најдобро црвено вино од Македонија го освои Vranec Special Selection 2015 на „Тиквеш".

 

На свечената церемонија, претседателот на управниот одбор на „Тиквеш" Светозар Јаневски, лично го доби трофејот од копретседателот на IWC и еден од најпознатите светски вински критичари Тим Аткин. Истовремено, Јаневски и членовите на менаџментот на винарницата остварија средба и со еден од најпознатите светски вински автори Роберт Овен, познат во винскиот свет како Оз Кларк.

 

Од „Тиквеш" велат дека ова е првпат винарница од Македонија, односно од регионот на Југоисточна Европа, да добие вакво престижно признание и додаваат дека освен за винарницата, ова е голема чест и привилегија и за целата македонска винска индустрија, затоа што признание од ваков висок ранг, им се доделува на помалку од 1% од сите пријавени вина на натпреварот. 

Покрај трофејот и златниот медал за Vranec Special Selection, „Тиквеш" на IWC 2017 освои и два сребрени медали за црвеното вино Barovo 2015 и за Grenache Blanc Special Selection 2016, како и пет бронзени медали.


Назад
 

 
 
 
back to top