IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

НАЈАВА: Трет FMCG Summit во Македонија

11.04.2017

InStore ве поканува да бидете дел од настанот на годината – FMCG Summit Скопје 2017, кој ќе се одржи на 11 мај, во хотелот „Александар палас".

Магазинот InStore, кој веќе шест години континуирано информира и едуцира во рамките на FMCG-секторот во Македонија и во регионот, годинава по третпат ќе го организира FMCG Summit Скопје. Благодарение на концептот, темите и реномираните говорници, уште од почетокот, овој проект покажа деловна сила и авторитет да собере голем број компании од секторот кај нас.

Од базата на деловните контакти, клиентите и соработниците кои магазинот InStore со текот на годините ги собра околу себе, ќе понудиме програма со која ќе го вратиме оптимизмот во секторот. Презентации, истражувања, интервју во живо, тркалезна маса – размена на идеи, инспирација и дружење, со фокус на неколку актуелни теми:

  • Инспирација;
  • Од менаџирање до персонализирање: category management и shopper marketing;
  • Потрошувачот – оска на ротација на FMCG-секторот;
  • Дефиниција за продажна стратегија: како да ја зголемите продажбата?;
  • Интервју во живо со еминентен говорник, од кој чекаме потврда;
  • ТРКАЛЕЗНА МАСАСега и тука – најголемите предизвици на FMCG-секторот.

Целта на FMCG Summit Скопје 2017 е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Според одзивот на учесниците и впечатоците од досегашните самити, гледаме дека секоја година добивате нова инспирација за подобрување на вашето работење.

Заокружете го 11 мај во вашите деловни календари и заедно со вашите колеги, пријавете се за учество на настанот на годината!

За повеќе информации, посетете нè на www.fmcg-summit.mk


Назад
 

        
 
 
 
back to top