IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |   ||
   

Хрватска/Велика Британија: Тодориќ се предал на полицијата, пуштен со кауција

08.11.2017

Сопственикот на „Агрокор" Ивица Тодориќ, за кого претходно Хрватска издаден европски налог за апсење и беше распишана меѓународна потерница од Интерол, вчера се предал на полицијата во Лондон.

Хрватските медиуми јавија дека полиција рано утрото добила известување дека Тодориќ пристигнал во полициската станица Чаринг Крос во Лондон, во придружба на неговиот британски адвокат, каде што бил уапсен.

Повикувајќи се на свои извори, порталот „Дневник.хр" објави дека во текот на вчерашниот ден судијата го пуштил Тодориќ на слобода со кауцијата во висина од 100.000 фунти, но одземен му е пасошот и ќе мора да носи безбедносна алка. Следното рочиште е закажано за 2018 година.

Тодориќ и неговите синови, како и уште 12 менаџери во „Агрокор" се обвинети за незаконско прибавување суми од неколку милиони евра, како и за незаконско водење на деловните книги.


Назад
 
 
 
 
back to top