IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Македонија: „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино

20.11.2017

Винарската визба „Тиквеш" од Кавадарци викендов беше домаќин на 8. Фестивал на младото вино, со кој беа отворени бочвите со вино на винарницата од годинашната берба.

Многубројни љубители на виното, меѓу нив - претставници на дипломатскиот кор, на државните институции, бизнисмени и јавни личности од Македонија и од регионот - имаа можност први да го пробаат виното од годинашната берба во винарницата, кое, според впечатоците, беше оценето како вино со одличен квалитети висок потеницјал, и покрај неповолната клима.

Да се произведат вина со висок квалитет во годината која според проценките на експертите и светските статистики беше далеку најлошата година за лозарството во Европа и пошироко во изминатите 55 години, претставува успех за почит. Тоа нѐ прави исклучително горди и задоволни и докажува дека креирањето вина со висок квалитет и вредност во „Тиквеш" не е случајност, туку е резултат на континуирани и обемни инвестиции во најсовремена технологија и иновации, оцени во своето обраќање генералниот директор на „Тиквеш", Радош Вукиќевиќ.

Заслугите за тоа, според Вукиќевиќ, треба да им се припишат на сите инвовлвирани во производниот процес во винарницата.

Истовремено, ова е заслуга на нашите стручни луѓе, аргономи и енолози и на нивниот ангажман и вложеното големо знаење во сите сегменти од производството, почнувајќи од лозјата, преку бербата, па сѐ до производството и чувањето на виното, рече Вукиќевиќ.

Фестивалот на младо вино на винарницата „Тиквеш", е прв и единствен фестивал на младо вино во Македонија.


Назад
 
 
 
 
back to top