IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 18.06.2018 || Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |  МОЛ го купи производителот на минерална вода „Фонте вива“  |  „Номад фудс“ ја презема „Ент Бесис“  |  Вегански производи во сите супермаркети „Веитрос“  |  Нарачки од „Мигрос“ на само едно копче  |  „Алди зид“ ја отвори илјадитата конџепт-продавница  |   Продолжување на проектот „Кауфланд“ - училиште за овошје и зеленчук  |  „Алди“ и „Лидл“ најатрактивни за Португалците  |   ||
   

Велика Британија: „Теско“ тестира роботизирана достава

14.06.2017

„Теско" тестира роботизирана достава во Лондон, како дел од еден поголем експеримент, под називот „Теско нау".

Трговецот се здружи со компанијата „Старшип технолоџис" за достава на производи со помош на автоматизиран робот на шест тркала, во рок од еден час. Роботите можат да разнесуваат производи во радиус од 4,5 километри од продавницата, која е центар за достава, и се опремени со системи против кражба. Наеднаш можат да достават најмногу 20 парчиња, меѓу кои и свежо овошје и зеленчук.

Поради големите промени во очекувањата на потрошувачите, трговецот очекува дека експерименталното воведување на доставата во рок од еден час, ќе му помогне успешно да биде во чекор со компаниите „Амазон" и „Деливеро", кои се специјализирани и ги диктираат трендовите за брза достава со помош на напредни логистички платформи.

Каналот на интернет-трговијата брзо се шири. Речиси половината (40 отсто) од купувачите во мај годинава, изјавиле дека дел од купувањето го правеле преку интернет, а многумина би сакале достава до домот. Настојувајќи што повеќе да им угодат на купувачите, трговците засилено експериментираат со различни начини на достава, со кои ќе им излезат во пресрет на нивните нови очекувања.

„Сеинсберис" минатата година лансираше апликација под називот Chop Chop, која на купувачите им овозможува да нарачаат помали количества од локалните продавници и во рок од еден час да им бидат доставени на домашна адреса.


Назад
 

 
 
 
back to top