IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Балкански „Фестивал на сирења“ во Белград   |  Сè повеќе тестирања за безготовинско плаќање  |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |   ||
   

Велика Британија: „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол

07.12.2017

„Теско" пратстави линија од пет вина со понизок процент на алкохол, чијшто вкус, како што се наведува, практично не се разликува од тој на сличните вина со повисок процент.

Линијата ги вклучува Cabernet Tempranillo, Garnacha-Rosé и Sauvignon Blanc, а последните две може да се најдат и во пенливи варијанти.

Од „Теско" велат дека за производството на вината, била употребена иновативна техника, со помош на која е намалена алкохолната содржина, а вкусот е задржан. Секое од вината во асортиманот содржи 0,5% алкохол и е произведено во соработка со винскиот производител „Феликс солис". Новата линија ќе биде достапна во повеќе од 700 британски продавници, по цена од 3 фунти.

Во претходната деценија, консумацијата на алкохол во Велика Британија е намалена за 18%. Сè поголем е бројот на купувачите што бараат квалитетен вкус на виното без алкохол, кометира Александра Ранцимен, експерт за вино во „Теско", која додава дека во последниве неколку години се забележува подобрување на квалитетот на сајдерите и на пивата со низок процент на алкохол, што винскиот елемент го фрли во сенка.

Изворwww.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top