IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Велика Британија: „Теско“ отвора телефонска линија за спречување загуба на храна

17.03.2017

Британскиот малопродажен синџир „Теско" отвори телефонска линија за снабдувачите, која треба да им помогне да ги откриваат критичните точки на кои доаѓа до загуба на храна низ системот на доставување на прозиводите.

Линијата ќе им биде достапна на сите снабдувачи со кои соработува компанијата преку мрежата на доставувачи на интернет, којашто ја користат повеќе од 5.000 партнери на „Теско".

Од компанијата велат дека линијата ќе служи како врска помеѓу бизнисите и тимовите за продукти на „Теско", што ќе им овозможи да ја алармирааат компанијата за критичните точки на загуба на храна во синџирот на достава, и можност заеднички да преземаат акции.

Ние во „Теско" немаме време за губење и сме решени да ја намалиме загубата на храна, каде и да се случува, од фармата до трпезата. Жешката линија за загуба на храна е уште една мала помош што ја ставаме на располагање за да го постигнеме ова со снабдувачите, вели комерцијалниот директор на „Теско" за свежи прехранбени производи Мат Симистер.

Синџирот супермаркети соопшти дека сака да ги зголеми напорите какo минатогодишниот потег, кога се обидоа да го спречат гниењето на јагодите на фармите, откако целиот род созреал во исто време поради неочекувано затоплување на времето.

Чекорот што го направи „Теско" тогаш, беше преземањето на целиот род и воведување големи кутии со јагоди со намалена цена во продавниците, што беше оценето како чекор кој им помогнал и на крајните купувачи и на фармерите.

 


Назад
 

 
 
 
back to top