IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Велика Британија: „Теско“ го заврши преземањето на „Букер“ за 4 милијарди фунти

07.03.2018

Британскиот трговец „Теско" го финализираше преземањето на големопродажната групација „Букер" за 4 милијарди фунти (4,5 милијарди евра), соопштија од компанијата.

Акциите на „Букер" биле повлечени од Лондонската берза, а истовремено биле издадени повеќе од 1,5 милијарди нови акции на „Теско".

Договорот „cash-and-share" (купување на сите акции од акционерите на друга компанија во готово), кој беше најавен во јануари 2017 година, акционерите го одобрија минатата недела, по дозволата од надлежната агенција за заштита на конкуренцијата.

Од „Теско" соопштија дека досегашниот извршен директор на „Букер", Чарлс Вилсон, ќе биде поставен за директор на малопродажните операции на „Теско" во Велика Британија и во Ирска.

Дејв Луис, извршен директор на „Теско", изјави дека со овој потег трговецот планира да го задржи лидерското место во британскиот бизнис со храна и потсети дека е најголемиот трговски синџир на Островот, со пазарен удел од 27,8%, според податоците на агенцијата „Кантар ворлдпланет".

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top