IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Словенија: Старите семиња од Словенија во маркетите на „Шпар“

18.03.2017

Семиња од старите словенечки сорти овошје и зеленчук ќе им бидат достапни на потрошувачите во трговскиот синџир „Шпар" во Словенија, како резултат на акцијата на компаниите „Шпар" – Словенија и „Семенарна Љубљана", соопштија компаниите.

Со акцијата SPAR Kot Nekoč („Шпар - како некогаш"), чија цел е зачувување на автентичните словенечки градинарски култури, на потрошувачите за почеток ќе им се нудат пакувања од старо семе за 23 автохтони сорти семиња — разни видови салати, домати, пиперки, грав, кромид и моркови.

Предностите на автохтоните сорти, се многукратни: прествавуваат непроценливо, специфично културно наследство, приспособени се на локалните услови на поднебјето и земјата, отпрони се на штетни болести на растенијата и се темел на самоодржливоста во исхраната и придонес кон зачувување на биолошката разноличност на Словенија, оценуваат во „Шпар" – Словенија.

Според Светската агенција за храна (ФАО), 75 отсто од видовите растенијата што се користеле во исхраната се засекогаш изгубени. Околу 60 отсто од исхраната во светот се базира на само три вида житни растенија: пченица, ориз и пченка.

Светското движење Slow Food укажува дека само во Индија, во Кина и во Мексико има илјадници видови ориз и пченка што традиционално се одгледувале, но на пазарот се достапни само неколку хибридни сорти, развивани во гигантите на индустријата со семиња.


Назад
 

 
 
 
back to top