IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 24.09.2018 || Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |  „Бимилк“ му даде нов лик на Тумбе Кафе во Битола   |  „Лесковачка скара“ само со дозвола   |  „Бучен Козјак“ се редизајнираше – производите со нови дизајни веќе се на полица  |  Пивото ќе поскапи од 2019 година  |  Нова мобилна апликација на „Рамстор“   |  За три месеци одземени половина тон лажен мед   |  Нема потврда од науката дека ГМО се штетни   |   ||
   

АХВ потврди: Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО

10.08.2018
Дополнителната анализа на „Виталиа" потврди присуство на ГМО во соините трошки и шницли, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
 
Суперанализата била направена во референтна лабораторија во Европската Унија, а се спровела по барање од компанијата.

Како што стои во соопштението на АХВ увезената соја е по потекло од компанијата „Сојапротеин" од Бечеј, Република Србија, а мострите беа земени во рамки на Мониторинг програмата за безбедност на храната која ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Република Македонија, производите соини шницли се увезени од компанијата „Виталиа", а дистрибуирани во прометот преку „Кам". Увозот на соините трошки, извршен е од компанијата „Сопродекс", пласирани исто така, преку „Кам", соопштија од АХВ.

Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од Кочанско, произведена од увозен семенски материјал. 

Агенцијата за храна и ветеринарство веќе подготвува  план за контрола за присуство на ГМО  кај  годинашнава, нова реколта ориз која се произведува во Република Македонија.  

За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи, согласно законот ќе им бидат изречени парични казни во висина до 5 илјади евра, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.



Назад
 
 
 
 
back to top