IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Албанија: „Шпар“ отвори повеќе од 30 продавници во првата година од работењето

03.11.2017

Само една година од почетокот на бизнис-активноста во Албанија, меѓународниот трговски синџир „Шпар" отвори повеќе од 30 продавници во девет градови на оваа балканска држава.

„Шпар" – Албанија нуди асортиман, кој брои повеќе од 40.000 артикли. Бројот на потрошувачите се проценува на околу 30.000 дневно, а трговецот овозможи и 500 вработувања.

Според зборовите на Елона Мема, генерална директорка на албанската филијала на компанијата, модерната продавница и понатаму сочинува само 15% од прехранбениот пазар во Албанија, односно дека сè уште се во рана фаза на развој. Сепак, заедно со другите земји во регионот, таа очекува дека и во Албанија во следните пет години ќе дојде до забрзана транзиција на пазарот на храна во модерен сегмент на купување.

Хипермаркетите „Интершпар" и супермаркетите „Шпар" во Албанија нудат избор од околу 3.000 производи од линијата приватни трговски марки Spar и Despar. Воведена е и програмата на лојалност, во која досега се вклучија 10.000 купувачи.

Мема најави дека трговецот наскоро ќе воведе практика да ја надомести разликата во цената за ист производ, доколку потрошувачот ја пронајде по пониска цена во некоја друга продавница. Тоа ќе биде гаранција дека „Шпар" ги нуди најдобрите цени на пазарот.

Во рамките на франшизната програма на „Шпар", околу 15-тина објекти беа отворени во Скадар, Валона, Ѓирокастро, Саранда, Поградец, Корча, а наскоро ќе биде отворен нов објект и во градот Леж.

Плановите за 2018 година се отворање на најмалку 20 нови продавници, од кои 10 ќе бидат под директно управување на „Шпар", а другите 10 според партнерски модел.

Исто така, трговецот планира да воведе и нови линии производи и услуги.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 
 
 
 
back to top