IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 22.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Малта: „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта

19.06.2018

Еден од најголемите светски трговски синџири – „Шпар интернационал", извести за официјалниот влез на пазарот на Малта.

Преку партнерството со малтешката FMCG-групација „Азопарди", „Шпар" – Малта на 12 јуни го отвори првиот маркет во југоисточниот дел на земјата. Продавницата се простира на продажен простор од 340 квадратни метри и во понудата има голем пекарски оддел, широк избор на свежи производи, месарница, деликатесен оддел, како и голем број производи од приватната марка на трговецот.

„Шпар" – Малта планира да отвори уште три објекти до крајот на годинава и вкупно 23 до 2025 година, од кои 2 хипермаркети „Интершпар", 4 супермаркети и 17 помали продавници. Од холандската компанија соопштуваат дела влезот на Малта е дел од актуелната стратегија за експанзија во Југоисточна Европа.

Глобалната продажба на „Шпар интернационал" минатата година достигна 34,5 милијарди евра. Трговецот отвори 232 нови продавници, со што вкупната бројка на глобално ниво достигна до 12.777 објекти, кои зафаќаат вкупна површина од 7,4 милиони квадратни метри.

Извор: www.esmmagazine.com


Назад
 

 
 
 
back to top